Екстра ФУДС ДООЕЛ Гевгелија е македонска компанија основана во 2013 година, која со љубов и посветеност произведува вкусни и квалитетни колачиња, ролери и други слатки задоволства.
Во нашата модерна производна линија се подготвуваат и посни и стандардни производи, направени според традиционални рецепти, со внимателно избрани состојки и без компромис во квалитетот.
Иако сме мала компанија, се стремиме кон големи успеси. Со посветеност, квалитет и знаење, нашата цел е да се развиваме постојано и да бидеме конкурентни и на домашниот, и на европскиот пазар.
Стремиме да изградиме доверба кај потрошувачите преку постојано подобрување на рецептурите, модерни технологии и почитување на највисоките стандарди за квалитет и безбедност.
Нашата цел е да бидеме симбол на вкус, традиција и иновација – бренд што ќе го претставува македонското сладкарство и на европскиот пазар.
ДПТУ Екстра ФУДС ДООЕЛ ул.Аргир Манасиев Бр.81 Гевгелија, е основана на 30.05.2013год.
На почетокот на своето основање компанијата се бави со увоз и 20.11.2017год. компанијата отвара подружница за производство на слатки (чајни колачи, торти) во свежа состојба и бисквити (кекси).